Sunday, December 9, 2007

OCC

Е па еве...мислам дека е крајно време да посветам пар редови на инспирацијата за почнувањето на блогов воопшто - Orange County Choppers (OCC). Discovery Channel пред пар години дојде како нов канал кај мене дома, заедно со целата кабелска (и тоа после бајаги "преговарање" со моите дома (у моментов не ми текнува што ли по ѓаволите беа нивните аргументи ПРОТИВ) :D. Како и да е...

Со оглед на тоа дека се пар илјади км од тука и дека државчево е по правило место каде што последни дознаваме новини (кој како, али да генерализираме...), да не беше American Chopper на Discovery Channel немаше да имам поима дека воопшто постојат. Она што тогаш беше уникатната привлечност (и што сеусште се рпашувам дали е сценарио или реалност) се постојаните караници (во најмала рака) во рамките на The Teutuls, или веќе добро познатите (под претпоставка) Paul Sr., Paul Jr и Mikey. За да не претпоставуваме (за тие кои не се упознаени) еве малце по детално, што уствари сака да каже писателот а.к.а. јас :).


OCC е формирано од Paul Teutul Sr., првично како хоби, а после и како многу профитабилен бизнис. Тука нема да навлагам во биографии (ги чувам нив за друг пост), туку само че нафлам некои, да се каже, интересни информации. Може да се каже дека OCC e еден вид последица на успехот на Orange County Ironworks (првичната фирма во сопственост на Paul Sr.), и финансискиот параван зад глупостите кои оваа багра си ги дозволува како занимација.

Како и да е... Првиот момент на успех е наречен True Blue, т.е. првиот custom chopper, што Sr. и Jr. го направија во најобична подрумска работилница. Оттогаш успесите се редат, крунисани со изборот на Discovery Channel, OCC да бидат главните актери на American Chopper, во 2002 година. Дечкиве, барем за шоуто, во принцип се занимваат со тематски чопери за кој ли све не... од Lincoln преку Microsoft па се до Gillette и слично. Се занимаваат и со мал милион други работи али нема да навлагам у детали...има не веб-от кој го интересира нека види :).

Дел од семејството Teutul
Инаку, како и секоја друга ствар, и OCC има (не)обожаватели или кажано со други зборови, луѓе штп ги пцујат и колнат (особено во САД), главно заради тоа што во реалноста се бајаги далеку од ликовите што ги глеаме на ТВ. Али пошто ние пак, сме бајаги далеку од нив, wtf, и даље планирам да се смеам на сите глупости и остали дешавки што дечкиве ги приредуваат.

И така....да не го тупам јас даље...American chopper треба да се види за да се има претстава за што уствари стануе збор. На крајот, само најава за следниот OCC пост...во OCC, и не е се така сјајно како на ТВ...

Monday, December 3, 2007

Нe дека немам попаметна работа, ама ете онака од чиста мира ми текна да направам еден комплетно рандом избор на три релативно познати производители на чопери и да си видам кој е бољи...
Слика 1. Лепотава е во изработка на West Coast Choppers. Дечките очигледно си ја знаат работата. Неам коментар (како викаат сликата вреди 1000 зборови).

Слика 2. Ова е дело на генијалец кој "замина" ептен пред своето време. Станува збор за Indian Larry (R.I.P.), едно хаос типче што животот го живееше 200 на саат (во буквална смисла) :)

Слика 3. За на крај моите омилени, Orange County Choppers. Иако дечките имаат далеку повеќе "опозиција" од било кој друг производител (главно поради тоа што OCC името го направи со помош на Discovery Channel), ко што може да се види... и нив ги бива (и тоа скромно кажано).

Како и да е, јас дојдов до заклучок дека неам одлука. Али за тоа отварам претрес на темата, ве молам кој бара збор... :D Изјаснете се...ако ви е по кејф... ако не... да сте ми живи и здрави и весели